Поранешниот шведски тенисер Матс Виландер важи за најголемиот критичар на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, па затоа е крајно интересно што сега цврсто застана во негова одбрана, во ситуација кога тој е цел на бројни критики поради организацијата на „Адрија Тур“.

Швеѓанецот смета дека на прворангираниот светски тенисер треба да му се честита бидејќи се обидува да направи нешто за својот спорт.

-Сите го критикуваат, но тој барем прави нешто за тенисот. Најлесно во оваа ситуација е да се седи и да се крие од очите на јавноста, како што прават бројни тенисери. Ќе повторам, неговата идеја беше прекрасна, организацијата беше на високо ниво, но за жал се случи тоа што се случи, порачува Матс Виландер.