Финалето на САД Опен, беше најдобро во кариерата за рускиот тенисер Данил Медведев. Никој не очекуваше негова лесна победа во три сета над големиот фаворит Новак Ѓоковиќ.

Српскиот ас немаше апсолутно никакво решение за играта на ривалот. По навика, бесот го исфрли со кршење на рекетот и неколку нервозни реакции.

Организаторите на турнирот затоа му изрекоа казна за неспортското однесување. Првиот светски рекет ќе мора да плати 5.000 долари.

Ова е мала санкција со оглед на финансиската состојба на Ѓоковиќ, но сигурно дека и таа ќе се надоврзе на мизерната вечер за него во Њујорк.