Најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, е на добар пат да излези како победник во трката по потписот на стандардниот првотимец во дресот на актуелниот шампион на Холандија, тимот на Ајакс, Николас Таљафико. Британските медиуми открија дека преговорите помеѓу двата клуба се во финалната фаза и дека аргентинскиот интернационалец ќе се пресели на „Олд Трафорд“ откако ќе биде исплатено побараното обештетување од 25 мил. евра.