„Ѓаволите“ дигнаа раце од Погба

102

Репрезентативецот на Франција, Пол Погба, ќе биде првиот фудбалер на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед кој ќе биде продаден за време на летниот преоден рок.

Раководните лица на „црвените ѓаволи“ веќе донеле конечна одлука за продажба на искусниот играч за врска кој не игра подолг период поради повреда на скочниот зглоб. Французинот е проценет на 150 мил. евра, а најголем интерес за неговите услуги покажува шпанскиот гигант Реал (М).