Шут-карта за Отаменди

49

Вицешампионот на Англија, тимот на Манчестер Сити, сака за време на летниот преоден рок да стави крај на соработката со аргентинскиот интернационалец, Николас Отаменди. Централниот дефанзивец повеќе нема статус на стандарден првотимец, а менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола веќе ја започна најавената реконструкција на дефанзивената линија. На местото на Отамеди е ангажиран Нејтан Аке, а од продажбата на репрезентативецот на Англија, Сити очекува заработка не помала од 10 мил. евра.