Шут-карта за Гундоган

78

Актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити, планира за време на летниот преоден рок да стави крај на соработката со германскиот интернационалец Илкај Гундоган. Искусниот играч за врска има договор со „граѓаните“ до 30. јуни 2023 година и затоа челниците на Сити се подготвени да седнат на преговарачката маса доколку официјалната понуда за поранешниот фудбалер на Борусија од Дортмунд не биде помала од 20 мил. фунти.