Чави Пасквал донесе уште еден радикален потег во екипата на Зенит, откако реши да се ослободи од искусниот центар Густаво Ајон. Поранешниот кошаркар на Реал Мадрид не доби продолжение на договорот, па ова лето ќе има можност да заигра за друга екипа.

Веднаш по објавата започнаа шпекулации дека за него има интерес од Фенербахче и Макаби Тел Авив. Тој минатата сезона бележеше во просек по 12 поени, пет скока и две асистенции по натпревар.

Мексиканецот има и НБА-искуство, играјќи за екипите на Милвоки, Орландо, Шарлот и Атланта.