Поранешниот селектор на македонската ракометна репрезентација Звонко Шундовски, по завршувањето на работата во Романија, се одлучи за нов интернационален предизвик, овој пат надвор од границите на Стариот Континент.

Шундовски, кој беше на чело на репрезентацијата во историското петто место на ЕП во Србија пред осум години, од следната сезона ќе го предводи катарскиот прволигаш Ал Рајан.

Шундовски како тренер дебитираше во Пелистер , потоа ги водеше Металург, романските ЧСМ Букурешт и Констанца, а краток период беше селектор на Израел.