Наскоро во јавност ќе излезе документсарецот за седумкратниот светски шампион во Формула 1, Германецот Михаел Шумахер, а куси најави веќе може да се видат на социјалните мрежи.

Шумахер доживеа тешка соoбрќајна несреќа на скијање во Франција на крајот од 2013 година и до ден денеска на јавноста не и познато во каква состојба е еден од најдобрите возачи во Формула 1. Неговото семејство не дава информации за јавноста, а само одбрани луѓе имаат можност да го посетат.

Меѓутоа, на изненадување на сите семејството на Шумахер дозволи за него да се снима документарец, кој многу брзо ќе биде достапен за јавноста. Една од највите за овој документарец е објавена оваа недела, кој многу ги загрижи неговите фанови. Наиме, во документарецот се појавува и Берни Еклстон, кој со години беше еден од клучните луѓе во Формула 1.

Неговата изјава од документарецот се појави во најавата од која може да се заклучи дека Шуми се уште се наоѓа во кома и покрај тоа што од несреќата поминаа пет години.

-Шуми мометно не е со нас, но на сите ваши прашања сам ќе одоговори. Нормално, кога ќе се опорави, изјави Еклстон.

Во оваа најава се појавува и неговата сопруга Корина, која порача дека Михаел е голем борец и дека нема да се предаде лесно.

-Михаел е борец и нема да се предаде. Тој е во најдобрите раце што се однесува до лекарската помош и се прави се што треба да оздрави, откри Корина.