Ако му веруваме на францускиот весник „Ле Паризиен“, кој важи за реномиран медиум, здравствената состојба на легендарниот Формула 1 возач, Михаел Шумахер, е добра.

Германецот беше примен во болницата во Париз во понеделникот на „тајно лекување“. Шест години по несреќата, кога силно ја повреди главата на 29 декември 2013 година додека скијаше, Шумахер конечно излезе надвор. Како што објавија француските медиуми, бил подложен на третман со матични клетки во болницата „Жорж Понпид“, која била претворена во вистински бункер.

Парискиот весник носи сензационална вест дека Шумахер е во свесна состојба.

Ова го пријавила неименувана медицинска сестра во одделот каде лежи славниот возач.

  • Да, тој е во мојот оддел. Можам да кажам дека е во свесна состојба, ги пренесоа медиумите нејзините зборови.

Медиумите објавија дека за Шумахер бил заслужен професорот Филип Менаш, француски кардиохирург познат по тоа што е првиот што трансплантирал клетки на ембрион кај пациент во 2014 година со срцева слабост.

Шумахер седум пати ја освои титулата во Формула 1, а последен пат тоа го направи во 2004 година. Во кариерата победи дури на 91 трка, а 155 пати се искачи на подиумот. Кариерата ја заврши во 2006, но повторно се врати во 2010 година. Возеше уште две сезони, а подоцна се пензионираше од овој спорт. Веста за неговата несреќа на скијање во  Франција, која се случи во декември 2013 година, го растажи целиот свет. Сепак, семејството одлично ја крие неговата здравствена состојба сите овие години.