Кошаркарите на МЗТ Скопје Уни Банка ја забележаа првата победа во вториот меч сезонава во домашното првенство, откако на убедлив начин славеа во дуелот против Ангели со 90:73. Ова воедно е и прва победа на Перо Плажевски на клупата на „штркчињата“, како и деби триумф во Првата кошаркарска лига.

Најефикасен во победничкиот тим беше Максим Митревски со 18 поени, додека на спротивната страна Ајзеја Мендерсон запиша 21 кош.

Останати резултати: МЗТ Скопје – Кожув 89:71, ТФТ – Еуро Никел 85:71, Гостивар – Куманово 85:72, ФМП – Пелистер 66:89, Работнички – Феникс 94:90.