На прашањето за позата во сексот, Лепа Лукиќ пукна од смеење заедно со публиката и новинарот кој успеа силно да ја насмее популарната пејачка

Кралицата на балканскиот фолк Лепа Лукиќ (и поранешна другарка на нашиот Боки 13 од едно реално ТВ-шоу), како што сите ја ословуваат со години наназад бидејќи заслужено ја носи кралската круна на естрадата, позната е не само по својата страст кон комарот туку и како личност која има огромна смисла за хумор.

Гостувајќи неодамна во една ТВ-емисија, на прашањето на новинарот “Која Ви е најлоша поза во сексот“, кралицата како гром од ведро небо одговори: “Па, ете таа кога лежиш долу, а над тебе горе нема никој, ахахахааааа”. Кажа Лепа и пукна од смеење заедно и со публиката и со самиот новинар. Ете, тоа е таа Лепа кога не е на сцената со микрофон во рака.

И кога гостува во ТВ-емисии со неа секогаш е урнебесно и незаборавно. Пејачката шири оптимизам и љубов кон животот, бидејќи смета дека животот брзо поминува, а таа сака максимално да си го живее!   Д.М.