Што јава синот на Лепа Брена на Бора-Бора?

114

Стефан Живојиновиќ, синот на Лепа Брена, се прости од годишниот одмор на Малдиви, Бали, Бора Бора (каде што јаваше на отровните риби со опашката) од Филипините…. Во тој егзотичниот свет помалку од еден месец бил со помалиот брат, со мама Фахрета и тато Слободан.

Штета што не може да си го продолжи зимското лето на тие пари каде што фамилијата потрошила “ситни” 20 илјади евра, како што пресметале српските медиуми. Живојиновиќ се враќа во Белград во студената зима. Се враќа и кон обврските на естрадата.

Заедно со мама Лепа Брена треба да ја продолжат турнејата, а во меѓувреме и да положи по некој испит. А, и не мора ако не сака. На Стефан кој често објавува разголени фотографии од плажа, можеби и ќе му се посреќи да си најде некоја добра побогата од него, прилика за женидбата!

Со парите се му е и онака на дофат на раката,впрочем како и овие риби со смртоносни опашки, атракција за туристи.   Д.М.  фото-ФБ на С.Ж.