Што секој хороскопски знак треба да има на менито?

610

Секој хороскопски знак има предиспозиции за развој на одредени болести, а на тоа секако влијае начинот на исхрана. Дознајте дали може астрологијата да ни помогне да ја најдеме вистинската храна за нашиот организам.

Еве што велат ѕвездите како треба да се храните:

Овен

Овните треба да јадат почесто и помали оброци, без разлика на обврските во моментот. Тие се личности кои лесно се раздразнуваат кога се гладни и затоа не смеат да си го дозволат овој луксуз.

Бик

Биковите обично се најгладни навечер и затоа треба да јадат пообилна вечера. Нив нема да ги задоволи што било за вечера, па затоа треба да приготват некое јадење со месо и многу зеленчук.

Близнаци

Близнаците треба да стојат понастрана од житарките и силните кафиња – едноставно, не се сложуваат со нив. За да ги избегнат честите прејадувања треба редовно да јадат со семејството или пријателите.

Рак

Раковите многу лесно ставаат некој килограм плус, иако внимаваат на бројот на внесени калории. Треба да јадат само кога се потполно смирени, зашто во спротивно, храната ја врзуваат со емоциите.

Лав

Лавовите не можат да го замислат животот без вкусни сендвичи. Најдобро е да ги подготвуваат со месо кое полесно се вари (пилешко или мисиркино) и зеленчук.

Девица

Девиците треба да го намалат внесот на леб и тешка храна (мрсни и презачинети јадења). Исто така, треба повеќе да ја џвакаат храната.

Терезија

Терезиите треба да си подготват обилен појадок затоа што им е потребно повеќе енергија во текот на денот. За време на подоцнежните оброци и онака се задоволуваат со помали порции.

Скорпија

Скорпиите немаат проблеми со исхраната, но затоа би требало да стојат на страна од алкохолот. За нив се препорачуваат поголеми количини вода.

Стрелец

Стрелците треба да избегнуваат неквалитетна храна. Исто така, треба да се трудат да го задржат доброто расположение, за да одбегнат прејадување.

Јарец

Јарците обожаваат да готват и да експериментираат. Но, не секогаш има време за ваквите експерименти, па затоа во фрижидерот треба да имаат храна која лесно се подготвува (како на пример туната).

Водолија

Водолиите едноставно мора да научат да престанат со јадењето кога ќе се почувствуваат сити – во спротивно ќе имаат големи проблеми со телесната тежина.

Риби

Рибите имаат многу чувствителен желудник кој не поднесува премногу мрсна или пак лута храна. Треба да избегнуваат пржена сланина, луто и кисело.