Што се случи со рускиот воен конвој долг 64 километри?

481

Сателитска снимка направена во четвртокот покажува дека големиот руски воен конвој, последен пат виден северозападно од Киев, во близина на аеродромот Антонов, кој се протегаше на повеќе од 64 километри „во голема мера се распрсна и прераспоредува“, велат од Maxar Technologies.

На снимките се гледаат оклопни единици кои се движат и минуваат низ градовите во близина на аеродромот. Дополнително, на снимките се гледа дека делови од конвојот биле стационирани уште на север, во близина на селото Лубјанке, и дека хаубици биле лоцирани во близина на позиции подготвени за пукање.

Веднаш северно од воздушната база Антонов во Хостомел се гледаат руски воени возила како стојат на патиштата во населби во градот Озера – 17 милји северозападно од Киев.