Се сеќавате на Ева Карнеиро? Поранешната докторка на англискиот премиерлигаш Челзи, кога го напушти клубот заради несогласувањето со тогашниот тренер Жозе Мурињо. Таа денеска има приватна ординација за спортска медицина во центарот на Лондон и живее помирно отколку кога беше во фудбалот.

Но, фудбалот и вниманието од јаваноста се силна „дрога“ за докторката Карнеиро, која не бега од камерите и микрофонот. Таа секогаш го привлекуваше вниманието со убавиот изглед, а и со судската парницата со Челзи, откако доби отказ.

Англичаните пишуваа дека од клубот во кој дојде во 2009 година, подоцна си заминала побогата за два милиони фунти. Потоа се омажила, и отворила своја ординација.

Во Англија има многу медиуми, па на Ева и дојде редот да каже нешто во врска со продолжување на сезоната во Премиерлигата.

-Еден новозаразен, само еден и ќе имаме колапс, тотален распад. Нема да се игра, а животот ќе биде загрозен. Ризикот е голем, а ако ЕПЛ сепак продолжи клуќот ќе биде во масовните превентивни тестирања, изјави др. Ева Карнеиро.

Карнеиро смета дека плукањето на тревата од фудбалскиот терен треба строго да се забрани и казнува. Во спортот почна да работи како стажантка во Вест Хем, а работела и за Британскиот олимписки одбор, како и женската фудбалска репрезентација

Британија има повеќе од 171.000 заразени од коронавирусот, а над 26.000 починати. Сепак Англичаните сериозно размислуваата за продолкжување на Премиерлигата.