Летото полека си заминува, а наскоро доаѓаат дождливи есенски денови. И додека едни сакаат подолго да се задржи топлото време, други едвај го чекаат заладувањето. Додека врне дожд сите имаат свои начини како да го „убијат“ времето, а на тоа како се однесуваме на дожд, влијаат и ѕвездите. Секој хороскопски знак има свои ритуали кога врне дожд.

Забавувајте сè читајќи, а можеби и ќе се препознаете во некои од нив.

Овен – се фрла во потрага по меки, волнени чорапи, а потоа прави селфи во сите чифтови (чорапи) што ќе му се најдат при рака.

Бик – време е да се направи и да се испие топло чоколадо.

Близнаци – штом ќе почне да врне ги вади сите растенија од домот на свеж воздух и ги тушира ​​на дождот.

Рак – гради „замок од прекривки“ под кој се вовлекува и спие додека не престане дождот.

Лав – дождот во светот на „лавиците“ е идеално време за нова фризура, облекување убав фустан и „делење“ комплименти сама себе си пред огледало.

Девица – ѕвездите велат кога врне дожд, луѓето родени во овој знак ги отвораат сите прозорци и танцуваат на звуците на дождот.

Вага – дождливиот ден за луѓето родени во овој знак е идеален за гледање на омилените филмови

Шкорпија – кога врне дожд, шкорпиите седат на подот и додека ги слушаат капките кои удираат од прозорецот, во својата глава „плетат“ илјадници приказни.

Стрелец – Кога врне дожд, луѓето родени во знакот на стрелец трчаат надвор и танцуваат на дождот.

Јарец – луѓето родени во овој знак, особено жените, дождливиот ден го користат за да направат колачи, а потоа ќе ги повикаат пријателките на попладневен чај и колачи.

Водолија – тие кога врне дожд се грижат за животните и градат засолништа за да им помогнат да се заштитат од невремето.

Риба – го користат дождот за да излезат од дома. Ќе прошетаат до најблискиот парк, каде ќе уживаат во капките кои удираат од земјата и ќе ја слушаат омилената музика.