Што откри истрагата при вештачењето на телефонот на момчето убиец од Белград?

596

Дознаваме: Еве што открила истрагата во телефонот на момчето кое е осомничено за масакрот во училиштето во Врачар

Во текот на истрагата за грозоморното злосторство за кое се сомнева дека го извршил К.К.(13) во 08:40 часот на 3 мај годинава во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар, кога уби 9 ученици и чувар, а рани шест ученици и наставник, вештачењето на неговиот телефон покажало дека, меѓу другото, има и фотографии од оружје.

„Рано е да се каже што покажаа резултатите од вештачењето, бидејќи се уште се во тек. Можеме да откриеме само еден дел, а тоа е дека во телефонот на момчето се пронајдени фотографии од оружје“, вели соговорникот од истрагата за српски Телграф:.

„На вештачење се пиштол, молотови коктели, телефон, компјутер, неговата облека,  како и лични белешки под кои припаѓаат – неговите тетратки, книгите што ги читал… А, клучниот доказ се надзорните камери од училиштето. Се верува дека на нив има видеа од овој невиден масакр. Работиме на тоа на кого се јавил, за што точно разговарал со луѓето со кои бил во контакт, дали се скарал со некого, дали имал некакви симпатии, невозвратена љубов, зошто претежно девојки биле мета, дали некому му се заканувал, дали некој му се заканувал. Компјутерот се чешла буквално до ден кога почнал да го користи Коста.К. Значи, се истражува до најситен детал што гледал, што го интересирало… Се истражува и „Дали со татко му вежбал гаѓање на друго место освен на стрелиште. Се истражува и дали можеби некому најавил што ќе прави. Исто така, не е познато како момчето ја знаело шифрата на сефот на неговиот татко“, вели соговорникот на медиумот.