Што најчесто земаат гостите од хотелите – колку повеќе ѕвездички, толку попрефинети навики за крадење

275

Повеќето гости кои престојуваат во хотели сапуните, кесичките со шампони, моливите, капата за туширање ги доживуваат такаречи како сувенири кои имаат право да ги спакуваат во својот кугер при враќањето дома, ама има и такви кои од хотелите си земаат телевизори, клавори, душеци, па дури и препарирани животни.

Тоа го покажало истражувањето на гермаскиот портал „Велнес Хевен“, веб водич за спа-хотели на основа на анкета спроведена меѓу 1.157 хотелиери за тоа кои предмети се крадат најчесто.

Истражувањето открива воочлива разлика меѓу „манирите на крадци“ на гостите на хотелите со четири ѕверздички и на оние кои престојуваат во хотели со пет ѕвездички, се наведува во заклучоците од истражувањата објавени на порталот на Велнес-Хевен.

Огромното мноштво гости крадат пешкири и бањарки, можеби како нешта кои добро ќе им дојдат за следниот спа-одмор, а зад нив веднаш доаѓа кражбата на закачалки, моливи и прибор за јадење.

Покрај овие „вообичаени“ предмети, регистрирана е и низа бизарни кражби кои укажуваат на живата фантазија на престапниците.

Имено, на гостите на еден берлински хотел веројатно им била потребна извесна мајсторска умешност кога успеале од апартманот да го однеат санитарниот јазол, одводната цевка, цел мијалник, туш батеријата, хидромасажниот туш и штицата за ВЦ школката, констатира порталот.

Меѓу соблазнителните случаи на арамилак се вбројуваат и земањето на голем клавир од фоајето на еден хотел во Италија, или вадење и земање на броевите од вратите на хотелските соби во Италија.

Во Франција еден гостин е фатен како се обидува да украде препарирана глава на дива свиња, која подоцна ја добил како трофеј бидејќи неговите приајтели го купиле од хотелот ова скапоцено парчее и му го подариле како венчален подарок, додека во еден хотел во близина на Салцбург украдени се дрвени клупи од сауната…

Кога станува збор за ранг листа на крадци сортирани по националности се добива поинаква слика.

Се покажало дека, на пример, германските и британските гости во хотелите имаат мошне здодевни крадачки навики – покрај пешкири и бањарки, генерално се фокусират на козметика и тоалетен прибор.

За разлика од нив, Австријците се пребирливи кога станува збор за стока украдена од хотели бидејќи се сосредоточуваат на пофини нешта како што се садови и апарати за кафе. Се чини дека жедта за кафе не можат да ја згаснат.

На мета на Американците се хотелските перници и батериите, додека Италијанците повеќе сакаат вински часши како хотелски сувенир, а феновите за коса се омилен предмет на кражба меѓу гостите од Швајцарија.

Истражувањето покажало, исто така, значајни разлики кога е во прашање кражба меѓу гостите на хотели со четири и пет ѕвездички, при што оние кои престојуваат во хотели со пет ѕвездички земаат со себе скапоцени предмети.

Анкетирани се вкупно 634 менаџери на хотели со четири ѕвездички и 523 хотели со пет ѕвездички за да утврдат „крадачките“ навики на гостите во зависност од нивното богатство.

Како што се покажало, се чини дека „лакомоста е добра“, е особено им е врежана на имашните клиенти од хотелите со пет ѕвездички.

Веројатноста дека висококвалитетни телевизори ќе бидат украдени во хотели со пет ѕвездички е девет пати поголема отколку во оние со четири ѕвездички, а слично е и со уметничките дела кои се популарен предмет на желба во луксузните хотели, каде што веројатноста да бидат украдени е 5,5 пати поголема отколу во оние со една ѕвездичка помалку.

Гостите во хотелите со четири ѕвездички се задоволни со помалку спекталуларни подароци – таму „побарувачката“ за пешкири и закачалки е поголема отколку во хотелите со 5 ѕвезди.