Краставиците се здрав и корисен зелечук. Освен штио се богати со антиоксиданси, витамини и минерали, тие го подобруваат изгледот и се благодет за кожата и косата. Водено, краставиците даваат енергија и максимална хидратација.

Еве како влијае на нашиот организам ако редовно се конзумира овој зеленчук

1.Помага во топењето на килограмите

Високото ниво на вода во краставиците помага во одржувањето на ситост и контрола на вносот на храна. Краставиците не содржат масти и имаат ниско ниво на калории и токму затоа тие се одлични за слабеење.

2.Го забрзуваат метаболизмот

Краставиците содржат влакна, витамини и висок процент на вода, а тоа му помага на дигестивниот систем. Токму поради тоа, само една краставица може да ги реши дигестивните проблеми.

3.Максимално ја хидрира кожата и косата

Краставиците се преполни со вода и нивната секојдневна консумација го подобрува вкупното ниви на хидратација на телото што е голем плус за здравјето. Освен тоа, краставиците содржат и витамини Б и Ц и цинк и се клучни за убав тен. Полни се со кофеинска киселина која има противвоспалителни својства, а фисетинот во краставицата помага во бробата против првите знаци на стреење на кожата.

Б витамините, како рибофлавинот со кој обилуваат краставиците, заслужни се за одржување на здрава коса. Освен нив, важни сосотојни се и биотинот и витаминот Ц кои воедно го спречуваат предвременото и прекумерно паѓање на коса и појавата на бели влакна.

4.Поволно влијаат на кардиоваскуларниот систем и намалувањето на нивото на холестерол

Обилната содржина на калиум, магнезиум и витамин К се важни за правилно функционирање на кардиоваскуларниот систем. Витаминот К го регулира нивото на калциум во крвта, а нивото на магнезиум и калиумот се поврзува со регулацијата на крвниот притисок. Освен тоа, со редовно консумирање на краставици, може да го намалите и холестеролот.

5.Ги зацврстува коските и забите

Краставиците содржат минерали како молибден и флуор кои спречуваат создавање на кариес. Исто така обилуваат со калциум кој е заслужен за цврсти заби и коски.

6.Го елиминира лошиот здив

Доколку конзумирате краставици, може да заборавите на мастиките за џвакање во борбата со непријатниот здив. Краставицата ја освежува усната празнина и помага во зацелување на раничките во устата. Ставете едно парче краставица на непцето и држете го половина минута, бактериите кои се одговорни за непријатниот здив ќе бидат елиминирани.