Што имаат заедничко Сингапур, Хелсинки и Цирих: Запознајте ги „најпаметните“ градови на светот

79

Сингапур, Хелсинки и Цирих се „најпаментните“ градови на светот според швајцарарската анализа направена од дебата за иднината на урбаниот дизајн во постпандемиската доба.

Од паметни сообраќајни камери и апликација за заедничко возење на автомобилите до надозр на чистотата и бесплатен безжичен интернет, градовите во светот се натпреваруваат во прифаќањето на технологијата, но стручњаците велат дека првото прашање е колку корист имаат граѓаните од тоа.

Најпаментните светски градови не ја прифаќаат новата технологија по автоматизмот, туку се трудат со неа вистински да го унапредат животот на граѓаните, вели Артуро Брис од швајцарскиот институт за управување со развојот, кој втора година по ред го објави својот Смарт сити индекс.

Во годинешната анализа се испитати 13 000 луѓе од 109 градови кои одгаварале на прашања за ефектите на технологијата во шест подрачја:здравство, безбедност, мобилност, активности, свечености и управување. По Сингапур, Хелсинки Цирих, до десеттото место се наредиле Окланд, Осло, Копенхаген, Женева, Тајпеј, Амстердам и Њујорк.

Индексот покажа дека во многу земји, „најпаментните“ градови, не се нивните главни градови. Така, во Шпанија го надмина Мадрид, а друг британски град по големина Бирмингем напредува подобро од Лондон.

Брис напоменува дека градовите имаат различни приоритети во користењето на технологијата. Во колумбискиот град Меделин, некогаш озлогласен заради наркокартелите, стапката на криминал е значително намалена по воведувањето на безжичен интернет, што на граѓаните им го олеснило начинот на пријавување на злочини, кажал Брис.

Иако многу градови во светот воведоа шеми за заедничко возење на автомобилите за да се намали сообраќајниот метеж, во тоа посебно успешна се покажа Москва бидејќи на сите корисници на „споделување автомобил“ им гаранира бесплатно паркирање. Стручњаците велат дека Ковид-19 го забрза преодот кон зелени, паметни градови. Но Брис предвидува и тренд на свртување кон помалите градови.

Сметам дека се движиме кон свет во кој ќе бидеме растоварени. Ќе бидеме посигурни ако живееме во помали градови“, кажа тој.

Извор:https://english.alarabiya.net/e