Ресторан во Рим е остро критикуван на друштвените мрежи затоа што на туристи им наплатил £70 за два хамбургера и три кафиња.

Фотографијата од сметката на овој „кралски“ оброк е од Кафе Ватикано, во близина на Ватикан, и пламна на друштвените мрежи.

Јасно се гледа дека за хамбургерите биле наплатени €50, по €8 за секое од кафињата и плус – €7.40 бакшиш – сѐ на сѐ €81.40.

Како што пренесува Индипендент, жената што ја објавила фотографија го сторила тоа за да ги предупреди другите туристи кои овој период почнуваат во врвулици да ја посетуваат италијанската престолнина.

Инаку ова не е првпат ресторан во Италија да се соочи со обвинувања поради нерзумно високи цени.

Во 2018 година една група студенти повика полиција откако меана во Венеција им наплати 1000 евра за ручекот. Не, не јаделе кавијар, само три шницли и печена риба, а пиеле кисела вода.