Што е „супер зелена пропусница“ со која Италијанците се обидуваат да го избегнат „локдаунот“

313

Со цел да се сопре ширењето на коронавирусот, Италија во декември воведува „супер зелена пропусница“ (super green pass). Оваа пропусница ќе биде неопходна за влез во ресторани, кина и рекреативни центри, јавен превоз и работни места.

„Супер зелена пропусница“ ќе се издава само за вакцинирани или на оние кои ја прележале инфекцијата, но не и за невакцинирани. За нив ќе важат само пропусниците издадени врз основа на ПЦР тестирање на вирусот, а со нив можат да одат единствено на работа и никаде на друго место.

„Супер зелената пропусница“ ќе ја добијат сите што се вакцинирани, а таа ќе важи 15 дена по примањето на првата доза, односно во моментот кога лицето треба да ја прими втората доза од вакцината. Пропусницата истекува девет месеци по нејзиното издавање.

Ќе се применува во регионите кои ќе бидат прогласени за „портокалова зона со поголем ризик“.

Секој што ја има оваа пропусница ќе може слободно да патува од регион до регион, без оглед на бојата на регионот во кој патуваат или бројот на заразени со коронавирус во тие региони.

„Затворањето и ограничувањата не смеат да ги плаќаат вакцинирани лица“, рече потсекретарот за здравство Андреа Коста, додавајќи дека планот за „супер зелена пропусница“ ќе гарантира дека невакцинираните луѓе можат да одат само на работа и да ги извршуваат основните потреби, но дека активностите како што се одење во ресторан, кино или театар за да бидат резервирани за вакцинираните.

Секое фалсификување на оваа пропусница ќе биде најстрого казнувано со затвор.

Исто така, Владата планира наскоро да воведе задолжителна вакцинација за сите вработени во јавниот и приватниот сектор.