Што е „СУПЕР-ИМУНИТЕТ“ на корона и како се стекнува?

1157

Кои се луѓето кои стекнуваат најсилен имунитет на коронавирусот? Научниците на Универзитетот во Орегон, САД, го истражуваат патот до силен имунитета, a oдговор на прашањето дава и српската докторка Мирјана Гњатовиќ од Институтот за нуклеарна примена на енергија (INEP)која вели дека со најсилен имунитет се оние луѓе кои имаат комбинација на прележана болест и вакцина, а воедно поседуваат и „лепеза антитела“ кои ги штитат во случај на појава на сериозен и опасен сој.

„Сите вакцини се базирани на вуханскиот сој, но потоа некои се заразуваа со делта, некои соомикрон, па всушност, на организмот му се чини како да сме примиле една поливалентна вакцина која ќе не штити од разни соеви“ – истакнува д-р Гњатовиќ.

Во лабораториското истражување на универзитетот за здравје и наука во орегон откриено е дека постои повеќе од еден пат до силен имунитет.

Имено, новата научна студија открила и два вида на имунитет – првиот е добиен со инфекција после вакцината, а другиот со инфекција која потоа е следена со вакцина.

Се покажало дека тие два „пата“ обезбедуваат приближно еднакво ниво на подобрена имунолошка заштита.

„Нема никаква разлика дали ќе се заразите, а потоа ќе се вакцинирате, или ако се вакцинирате, а потоа да дојде до продор на инфекцијата“ – истакнува еден од авторите на студијата, д-р Фикаду Тафесе, доцент по молекуларна микробиологија и имунологија на Универзитетот во Орегон.

Истражувањето ја следи студијата објавена во декември минатата година која опишува исклучително високи нивоа на имунолошки одговор по продорот на инфекцијата, односно, т.н „суперимунитет“. Таа е првата студија која користи повеќе живи варијанти на САРС-КоВ-2 за мерење на вкрстените неутрализации на крвниот серум од нови случаи.

Резултатите покажале дека не е важно дали некој ќе добие инфекција или ќе се вакцинира после природна инфекција. И во двата случаи, имуниот одговор измерен во крвниот серум открива антитела кои биле подеднакво застапени и силни – најмалку 10 пати посили од имунитетот создаден само со вакцинација.

Студијата е направена пред појавата на високозаразниот омикрон сој, но истражувачите очекуваат дека и хибридниот имун одговор на овој сој ќе биде сличен.

Научниците до овие резултати дошле така што регрутирале вкупно 104 лица, сите вработени на Универзитетот кои биле вакцинирани со Фајзер, а потоа ги поделиле во три групи – 42 кои биле вакцинирани без инфекција, 31 кои се вакцинирале по прележана инфекција ии 31 кои имале инфекција по вакцинацијата. Контрлирајќи старост, пол и време од вакцинацијата и инфекцијата, истражувачите зеле примероци од крв од секој учесник во испитувањето и ги изложиле тие примероци на три варијанти на жив вирус САРС КоВ-2 во лабораторија со трето ниво на биолошка безбедност во кампусот на Универзитетот.

Окриле дека двете групи изградиле „хибриден имунитет“ во споредба со групата испитаници кои биле само вакцинирани, но не ја прележале инфекцијата.

„Имунитетот стекнат само со природна инфекција е променлив. Некои луѓе даваат силен одговор, а други не. Но, вакцинацијата во комбинација со имунитетот од инфекцијата, речиси секогаш дава силен одговор. Овие резултати заедно со нашата претходна студија укажуваат на тоа дека полека доаѓа време кога САРС-СоВ-2 може да стане генерално, блага ендемска инфекција како сезонската инфекција на респираторниот тракт, а не светска пандемија“ – заклучува доктор Тафесе.