Јапчик е унгарски специјалитет, совршен за есенските и зимските денови. Можеби малку подолго се подготвува, но вреди за секоја потрошена минута.

Потребно е:

  • 2 главици кромид со средна големина, многу ситно исечкани
  • 8 големи компири
  • 1/2 килограм стек, исечкан на мали коцки
  • 6 јајца
  • 3/4 шолја + 3 супени лажици маслиново масло
  • 1/4 шолја вода
  • 1 коцка за супа (по желба)
  • сол
  • црн бибер

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени Целизуисови.

Зачинете го месото со сол и бибер. Загрејте 3 лажици маслиново масло во големо тавче и пропржете го месото. Тргнете го на страна и оставете го постепено да се излади.

Излупете ги компирите и од подолгата страна изрендајте ги.

Во длабок сад, измешајте ги јајцата, 3/4 шолја масло, вода и доволно сол и бибер. Додадете го ренданиот компир, ситно сечканиот кромид, месото и коцката за супа. Добро измешајте.

Истурете ја смесата во длабока тава за печење. Непокриено печете 3 часа.