Што го чини тибетскиот јогурт така посебен?

105

Во кинеската автономна област Тибет се прославува Фестивал на јогуртот. Овој млечен напиток во оваа област е уште една врска меѓу минатото, сегашност и иднината на тибетскиот народ. Насекаде во светот, правењето на јогуртот почнува на ист начин, со првите сончеви зраци, односно со молзење на животните. Обично се молзат крави, некаде камили и кобили, а ан Тибет женки од јак.

Млекото на јакот го чини тибетскиот јогурт единствен на светот. Млекото се вари, лади и ферментира, што бара време, трпение и вештина.

За само пет часа, млекото на јакот се проетвора во густ кремаст јогурт, подготвен за послужување и стигнува во градот Ласо, каде секоја година се одржува седмодневен фестивал на јогуртот.

Иако може да се произведе и индустриски, на Тибет се инсистира на стариот традиционален начин на правење на јогурт. За сладокусците на јогуртот му се додаваат ароми како сладолед или ружа.