Штипјани подготвени за музика:Вечерва почнува фестивалот „Макфест“

239

Поставена е сцената каде вечер ќе почне фестивалот за забавна музика „Макфест“ во Аквабела ресортот во Штип, односно локацијата на поранешниот Градски базен.

Техничкиот директор на „Макфест“, Кирил Панајотов вели дека се е подготвено за фестивалот да почне, а попладнево 12 изведувачи, заедно со нивните тимови пристигнаа и ја имаа и првата проба на сцената. Панајотов забележува дека годинава имале голем интерес од страна на публиката, но побара разбирање од страна на граѓаните, бидејќи поради здравствените мерки и протоколи ограничен е бројот на публиката, што може во живо да го следи.

-Редуциран е бројот на картите, а огромен е интересот, како никогаш досега, можеби заради амбинетот, можеби заради самиот фестивал и се заедно. Но многу карти беа пуштени во продажба, вели Панојотов.

Фестивалот и годинава ќе се одржи на отворено.