„Шпигел“:Кралицата Елизабета Втора побарала од Германија да ѝ подари скапи коњи

123

Ве молам, два коња погодни за кралицата, тоа го бараше протоколот на британската круна како подарок за време на државната посета на британската кралица Елизабета Втора на Германија во 1978 година, се вели во написот на германскиот неделник „Шпигел“.

Барањето Германија да обезбеди толку скап подарок за британската кралица предизвика неверување кај германските политичари во тоа време, кои пресметаа дека барањето на кралицата чинело повеќе од кое било друго барање на шеф на странска држава кој ја посетил Германија од крајот на Втората светска војна, пренесува АП.

И покрај тоа, тогашниот германски претседател Валтер Шел го одобрил овој „кралски подарок“ во интерес на добрите билатерални односи, се вели во написот на неделникот Хамбург, кој се повикува на архивски податоци.

Во написот „Шпигел“ се наведува и дека омилениот аперитив на покојната британска кралица бил џин и тоник и дека на Елизабета Втора не ѝ се допаѓале хеликоптери.

Според архивата, британската амбасада била загрижена за можните протести на локалното население доколку Елизабета Втора го посети Дрезден за време на нејзината посета на Германија во 1992 година, град кој беше срамнет со земја во бомбардирањето на сојузниците за време на Втората светска војна.

На крајот, сепак, таа присуствуваше на богослужба во локалната црква и генерално беше добро примена од локалното население, пишува Spiegel.