Шпанскиот премиер ќе ја забрани проституцијата

51

Обраќајќи им се на своите поддржувачи на крајот од тридневниот конгрес на Социјалистичката партија во Валенсија, шпанскиот премиер Педро Санчез повторно вети дека ќе ја забрани проституцијата во земјата.

Според него, проституцијата ги „поробува“ жените.

Проституцијата во Шпанија моментално не е регулирана и нема казни за оние кои доброволно нудат сексуални услуги додека тоа не се случува на јавен простор. Сепак посредувањето меѓу сексуална работничка и потенцијален клиент е незаконско. Од декриминализацијата во 1995 година, оваа индустрија постојано расте и се проценува дека денес околу 300.000 жени во Шпанија работат како проститутки.

Проституцијата во Шпанија беше декриминализирана во 1995 година, а во 2016 година ОН проценија дека сексуалната индустрија во земја генерира приходи од 3,7 милијарди евра. Истражувањето од 2009 година покажа дека еден од тројца мажи во Шпанија барем еднаш платил за сексуални услуги.

Друг извештај од 2009 година покажува дека бројката може да биде уште поголема, додека студија на ОН во 2011 година вели дека Шпанија е трет по големина центар за проституција во светот, зад Тајланд и Порторико.