Ракометната репрезентација на Шпанија со триумф над Германија со 32:28, го стартуваше вториот круг на Светското првенство во Египет. Шпанците беа подобар противник на теренот, уште во првото полувреме создавајќи ја разлика која мудро ја одржуваа до крајот на дуелот.

Данска го запоседна врвот во Групата 2, со максимални 6 бода, откако убедливо славеше против Катар со 32:23. Ракометарите на Хрватска со убедлива победа против Бахреин од 28:18 го стартуваа вториот круг на шампионатот. Хрватите доминираа на мечот од самиот почеток, иако противникот даваше солиден отпор во првиот дел. Сепак, тотална доминација на избраниците на Лино Червар во второто полувреме за конечна победа.

Во првиот натпревар од оваа група, Аргентина ја победи Јапонија со 28:24. Унгарија во Групата 1 славеше против Бразил со 29:23 и сега имаат шест бода, втора е Полска која има четири откако го победи Уругвај со 30:16.