Шпанија и Португалија со фаворитска улога

67
epaselect epa10323148 Marco Asensio (C) and Jordi Alba of Spain celebrate after Asensio scored the 2-0 goal during the FIFA World Cup 2022 group E soccer match between Spain and Costa Rica at Al Thumama Stadium in Doha, Qatar, 23 November 2022. EPA-EFE/Noushad Thekkayil

За неколку часа ќе бидат комплетирани сите 1/4 финални двојки на СП во Катар. Во 16:00 часот стартува 1/8 финалната пресметката помеѓу репрезентациите на Мароко и Шпанија. Мароканците завршија на првата позиција благодарение на триумфот над Белгија и ремито со Хрватска, додека Шпанците имаа ист број на бодови како Германија, но завршија на втората позиција во групата „Е“ благодарение на подобрата гол-разлика.

Мароко важи за повеќе од тежок противник, но „црвената фурија“, и покрај променливата игра во групната фаза, важи за голем фаворит.

  • Точно дека се пласиравме во 1/8 финалето, но после натпреварот со Јапонија ние немавме ниту една причина за славје. Мароко има добар тим и јас сум убеден дека ќе ризикуваат и против нас. Воопшто не сум задоволен од играта на последниот натпревар, имаше премногу паника во нашите редови. Искрено, сакав да бидеме први во групата, но сега се е готово, изјави селекторот на Шпанија, Луис Енрике.

Неколку часа подоцна на програма е последната 1/8 финална пресметка, дуелот помеѓу репрезентациите на Португалија и Швајцарија. Португалците завршија на првата позиција во групата „Х“ благодарение на двете победи против Гана и Уругвај, додека Швајцарците ја добија пресметка против директниот ривал за втората позиција во групата „Г“, селекцијата на Србија.

Од прикажаното во групната фаза лесно ќе се дојде до заклучок дека Португалија ја има улогата на благ фаворит, а конечниот резултат, како и секогаш, во голема мера ќе зависи и од расположението на Кристијано Роналдо, кој не е во идеална форма.

  • Имаше многу емоции на последниот натпревар од групната фаза, но таква е фудбалската игра. За среќа ние остваривме одличен резултат, но не сакаме тука да застанеме. Португалија? Ако имаме добар почеток, ако нашата тактика функционира и ако се држиме до тоа кое ќе го договориме пред стартот на натпреварот, тогаш се е можно, сите опции се во игра, па и таа да се пласираме во 1/4 финалето. Не смееме да се фокусираме на еден фудбалер, за Португалија играат многу добри играчи, изјави селекторот на Швајцарија, Мурат Јакин.