Репрезентацијата на Мароко обезбеди пласман во 1/4 финалната рунда од Светското првенство во Катар откако го доби пенал-рулетот против селекцијата на Шпанија. Натпреварот во регуларните 90 минути заврши без погодоци, а во пенал серијата, мароканскиот голман Боуно одбрани три удари од белата точка.