Ракометната репрезентација на Шпанија, ќе биде еден од главните фаворити  за златниот медал на олимпискиот турнир во Токио.  Селекторот Жорди Ривбера го објави списокот на играчи со кои ќе атакува на највисок пласман. На него ги нема Даниел Душебаев и Жоан Кањељас, кои имаат повреди.

Шпанците се во врвот на ракометот во изминатите неколку години. Меѓутоа и натаму чекаат на значаен успех на Летните олимписки игри, каде се радувале само на бронзен медал во три наврати.

Ракометниот турнир во Токио ќе се одржи од 24 јули до 8 август.