Големото балканско тв –шот “Икс фактор“ сите го памтиме во Македонија особено затоа што победникот беше нашиот Даниел Кајмакоски кој потоа направи релативно успешна кариера, сними неколку убави песни од кои најслушаната му беше онаа со Жељко Јоксимовиќ “Скопље-Београд“, но испеана на српски јазик.Настапи и на “Евровизија“ во Виена. Сега многумина се прашуваат дали повторно ќе има “Икс фактор“? Згодната водителка на ова шоу која е со македонско потекло, Ана Михајловски неодамна објави преку својот мобилен дека во најскоро време, за жал нема да има “Икс фактор“. Занимливо е што ова објавување новинарите го откриле во допишувањето на Ана со пејачката Марија Шерифовиќ. Некој сепак, им ѕирнал во смс-пораките и веста како молња проструи низ медиумите. Сега и победникот Даниел е тажен, не само публиката и неговите фанови. Но чудата секогаш се случуваат па, затоа ништо чудно доколку сепак ова шоу заживее наредната година на пролет. -Зрачиш со ентузијазам и позитивна енергија, ќе бидеш голем човек и пејач, остани секогаш ваков каков што си сега“….му пишувале фановите на Даниеле тогаш, по неговата победа на “Икс фактор“  Д.М.