ШОН ПЕН ВО ФИЛМ ЗА УКРАИНА Холивудскиот актер како сведок на воениот конфликт

69

Според „Холивуд репортер“, Шон Пен потпишал договор да глуми во украинскиот воен филм „Војна низ очите на животните“, (“War Through the Eyes of Animals”)/.

Станува збор за долгометражен филм кој има девет дела, во режија на девет украински режисери, кој ја следи приказната за војната во Украина низ перспективите на различни животни фатени во конфликтот, пишува Index.hr.

Според информациите, режисерот Мирослав Слабошпицки ќе го режира деветтото продолжение, а Шон ќе игра американски инженер за звук кој случајно станува сведок на избувнувањето на војната на 24 февруари 2022 година, кога Русија ја нападна Украина.

„Апсолутно сум среќен што сум дел од овој филм. Голема чест е да се работи со неверојатен актер и извонредна личност и еден од најголемите пријатели на Украина, Шон Пен. Тој беше со нас за време на нападите на 24 февруари и длабоко ја истражува војната и Украина во во неговиот документарен филм. Неговата поддршка е непроценлива за нас“, рече Слабошпицки.

Еден од креаторите на антологијата „Војна низ очите на животните“, (“War Through the Eyes of Animals”) “, Олег Кохан, наведува дека се е засновано на вистински настани.

„За нас е клучно уметниците од калибарот на Шон Пен не само да ја признаат застрашувачката реалност што ја прикажуваме, туку и да го дадат својот глас. Ова ја нагласува релевантноста на темата на филмот за екоцидот во Украина“, рече Кохан.