Шолц разговараше со Зеленски: Не признаваме лажни референдуми

59
Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN / POOL

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска во телефонски разговор му рекол на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Германија никогаш нема да ги признае резултатите од „лажниот“ референдум за приклучување кон Русија во окупираните делови на Украина, изјави портпаролот на германската Влада.

Шолц рече дека Германија нема да се откаже од својата финансиска, политичка и хуманитарна поддршка за Украина.

Тој додаде дека Берлин ќе продолжи да ја поддржува Украина во одбраната на нејзиниот суверенитет и територијален интегритет, вклучително и испорака на оружје.