Шолц е новиот канцелар, договорено е формирање на германската влада

52

Лидерите на трите партии што треба да формираат нова германска влада денеска потпишаа коалициски договор.

Па според тој, Олаф Шолц, актуелниот министер за финансии, е новиот канцелар на Германија, кој доаѓа на местото на Ангела Меркел.

Трите партии, кои заедно се познати како семафор коaлиција поради нивните бои (црвена, жолта и зелена), денеска во Берлин треба и официјално да објават за постигнатиот договор.