Шолц: Единствениот начин за укинување на санкциите кон Москва е мировен договор

79

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека мировниот договор меѓу Москва и Киев е единствениот начин за укинување на санкциите против Русија.

„Русија во одреден момент треба да сфати дека единствената можност да ги укине санкциите е да склучи договор со Украина, а тоа не може да биде наметнат мир“, рече Шолц во интервјуто објавено на информативниот портал Т-онлајн.