Ако имате потешкотии со контролирање на желбата за нездрава храна, веројатно е време да размислите малку за шок терапија. Имено, Амазон ја продава нараквицата  Pavlok за која тврдат дека ќе ви помогне со лошите навики, така што ќе пушти струја од 350 волти секогаш кога ќе посегнете по нездрави грицки. Секако таа делува на повеќе лоши навики, како минување премногу време на Интернет, грицкање нокти или успивање.

Истот така, вашите пријатели ќе можат да инсталираат апликација којашто ќе им алармира секогаш кога ќе изедете уште едно парче торта или ќе почнете со грицкање нокти, па тие можат да ви пуштат еден „струен удар“.

Нараквицата чини 199 долари и има 150 шокови со едно полнење, а може да ви трае долго ако ги следите правилата и не предизвикувате шокови.

Можете да ја поврезете и со својата банкарска сметка, такашто ќе добиете шок секогаш кога ќе ја пречекорите потрошувачката или можете да користите GPS за да предизвикате струен удар, ако на пример не отидете во теретана на вежбање.