Швајцарскиот тенисер Роже Федерер поради повреда на десната нога се повлече од мастерс турнирот во Рим.

Швајцарецот пред мечот од 1/4 финалето одлучи да се откаже, соопштија организаторите на турнирот. Федерер во ова коло требаше да ги одмери силите со грчкиот тенисер Стефанос Циципас, кој според ова неочекувано доби цел ден одмор.

Се уште не е познато дали повредата ќе влијае на неговиот настап на грен слем турнирот Ролан Гарос, кој стартува на 26. мај.