Фудбалскиот клуб Норвич денеска потврди дека голманот Ден Барден има рак на тестисите.

  • По првичната дијагноза, Барден ги помина сите дополнителни тестови што ја потврдија дијагнозата. Барден ќе продолжи со третманот со детално следење на ситуацијата во наредниот период, соопштија од клубот.

Младиот 20-годишен голман моментално е на позајмица во Ливингстон и го чека значајна пауза за време на рехабилитацијата во која ќе мине низ неколку третмани.

  • За мене, ова беше многу тежок период, но со поддршка од семејството, пријателите и колегите, успеав да ги поминам изминатите неколку недели. Првичната дијагноза беше голем шок за мене, но позитивно е што болеста е „фатена“ во рана фаза и следните чекори ќе бидат добри. Јас сум оптимист и имам позитивен став. Уверен сум дека ќе ја надминам болеста и дека наскоро ќе се вратам на она што го сакам. Би сакал уште еднаш да им се заблагодарам на сите околу мене за нивната голема поддршка. Свесен сум дека претстои тежок период и затоа би побарал приватност за мене и моето семејство во овој момент. Кога ќе можам, ќе се потрудам да ве информирам за напредокот. Ви благодарам уште еднаш, се гледаме наскоро, истакна младиот голман.