Рускиот тенисер Данил Медведев, вели дека е тажен заради Швајцарецот Роже Федерер, кој ќе го пропушти преостанатиот дел од првиот ден од сезоната. После хирушката интервенција, Роже ќе ја пропушти комлпетната сезона на земја и ќе се врати на турнирите што ќе се играат на трева.

-Шокиран сум од вестите за Федерер, не знаев дека ќе прави операција. Малку сум тажен заради него. Ќе пропушти турнири во моментите кога играше добро. Сепак , сигурен сум дека ќе се врати во форма до стартот на турнирите на трева, изјави Медведев.

Федерер моментно е на третото место на АТП листата, но ќе го загуби додека се врати на теренот. Заправо Медведев, кој во овој момент е петти на АТП листата претставува една од најголемите закани за 38 – годишниот Швајцарец.