Голема трагедија ја потресе „кралицата на спортовите“, откако кениската атлетичарка Агнес Тироп, која настапи на Олимписките игри пред два месеци, беше пронајдена мртва во својата куќа со убодна рана во стомакот, објави британски „Мирор“.

Тироп всушност е атлетска ѕвезда на 5000 метри и беше една од фаворитките за медал во Токио, но на крајот трката ја заврши како четврта. Таа освои бронза на Светските првенства во 2017 и 2019 година, додека во 2015 година го освои златото на Светското првенство во крос.

Интересно е што ова е втора смрт на кениски атлетичари, со оглед на тоа што трикратниот светски шампион во оваа дисциплина, Хозе Мвок Макаријан, неодамна беше пронајден мртов во својата куќа.

Кениецот постави светски рекорд на 10.000 метри во Германија минатиот месец со резултат 30.01 минути, а по натпреварот изјави: „Среќен сум што го соборив светскиот рекорд, темпото беше тешко, но чувствувам дека моето тело реагира добро“.