ШОКАНТНО ВИДЕО: Полицијата од Нешвил објави снимка од ликвидацијата на сторителката на масакрот

1088

Полицискиот оддел објави снимка од камерите прикачени на телото на полицајците Рекс Енгелберт и Мајкл Колазо.

Одри Елизабет Хејл (28) која вчера уби три деца и тројца возрасни во пукотница на југот на САД, во приватно христијанско основно училиште во Нешвил, го загуби животот во полициска акција. Полициската управа на Метро Нешвил објави снимка од камерите прикачени на телото на полицајците Рекс Енгелберт и Мајкл Колазо, кои ја застрелаа Одри Хејл во 10:27 часот. На видеото се гледа како полицајците влегуваат во училиштето и го бараат напаѓачот, а во текот на акцијата се слуша аларм.

Откако слушнале истрели на вториот кат, полицајците се упатиле таму, а полицаецот Енглеберт испукал повеќе истрели кон Хејл со автоматска пушка. Откако таа паднала на подот, се појавил полицаецот Колазо и ја застрела Хејл уште четири пати со својот пиштол.

„Престани да се движиш“, се слуша како тој и вели на Хејл додека таа лежи на земја. Хејл, која го изврши масакрот во католичкото основно училиште на периферијата на градот е поранешна ученичка во тоа училиште. По завршувањето на училиштето студирала на Колеџот за уметност и дизајн „Носи“, а по дипломирањето работела како графички илустратор.

Џон Дрејк, началникот на полицијата во Нешвил, на напаѓачот му се обратил како на жена, но на прашањето на новинарите, тој појасни дека таа се изјаснила како трансродова личност. Полицијата тврди дека нападот бил однапред испланиран и дека нашла манифест и писмо до Одри, која веднаш по пукањето била убиена од полицијата. Полицијата соопшти дека таа легално набавила две пушки и дека во моментот на нападот, со себе имала мапи и цртежи од училишната зграда. Сите убиени деца биле на девет години, а загинале и тројца училишни работници на возраст од 60 и 61 година.