По катастрофалниот настап на грен слем турнирот Вимблдон, Германецот Алекстандар Зверев, вината за неуспехот ја лоцираше кај својот тренер, Иван Лендл.

Германецот по многумина важи за најголем талент на денешницата, а тоа го потврди со освојувањето на завршниот турнир на осумте најдобри во Лондон минатата година, најголемата титула која засега му припаднала на некој од младата генерација тенисери.

Меѓутоа, Зверев во 2019 година губи од кој ќе стигне и никако да направи дополнителен чекор со кој ќе ги загрози Федерер, Надал и Ѓоковиќ, на некој голем грен слем турнир. Особено тешко му падна изпаѓањето на Вимблдон уште во второто коло, а потоа фрустрацијата и вината ја насочи кон својот тренер.

  • Понекогаш одиме на тениски терен и во текот на тренингот кој трае два часа тој ми го врти грбот и ми вели дека утрото играл голф. Потоа се фали дека добил ново куче, старо само два месеци. Ми покажува како го носи за да уринира. Тоа му се главните теми на секој тренинг – голф и неговото мало куче, изјави Зверев.

Германецот одлучи привремено да ја прекине соработката со еден од најдобрите тенисери во историјата, кој во својата играчка кариера освои осум грен слем титули и 270 дена беше на врвот на АТП листата.

  • Тоа не значи дека никогаш нема да ја продолжиме соработката. Но, отворено му кажав дека имам проблем со вториот сервис за време на тренинзите, а на него по само 20 минути вежбање му здосади и започна да зборува работи кои не се поврзани со тренинзите, додаде Германецот.