Шмркачот на кокаин го засилува Лејкерс

292

После тешката повреда на центарот Демаркус Казинс за време на подготовките за новата сезона, екипата на Лос Анџелес Лејкерс мораше да бара нов центар и изборот падна на Двајт Хауард, кој и претходно играше за „езерџиите“ во сезоната 2012-2013. Центарот не се прослави играјќи заедно со Коби Брајант, па по една година си замина. Главна задача во новата средина за осумкратниот Oл-стар играч ќе биде играта во одбрана и собирањето скокови. Најдобрите денови од кариерата се зад него. Најмногу се прослави играјќи за Орландо со кој избори пласман во големото НБА финале, каде загуби токму од „езерџиите“.

Двајт Хауард беше прв пик во 2004 година кога беше избран од страна на Орландо. Тој смени многу клубови во текот на кариерата (Орландо, ЛА Лејкерс, Хјустон, Атланта, Шарлот), а минатата сезона го носеше дресот на Вашингтон, но одигра само девет натпревари поради повреда.

Тој се пресели во Мемфис ова лето, но сега оди во ЛА Лејкерс, кој со Леброн Џејмс и Ентони Дејвис ќе атакуваат кон освојување на титулата во НБА лигата. Инаку, во минатото Хаувард имаше скандалозна изјава во која откри дека постојано консумирал кокаин пред секоја меч, што предизвика големи реакции кај челниците на НБА лигата. Сепак, не доби сериозна казна за ваквото признание.