Шмајхел наследник на Де Хеа

188

Поголемиот дел од британските медиуми ја пласираа и информацијата дека челниците на најтрофејниот клуб во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед, се сериозно заинтересирани за услугите на данскиот голман од редовите на Лестер, Каспер Шмајхел. Челниците на „црвените ѓаволи“ не кријат дека се разочарани од интеревенциите на Давид де Хеа, но моментално нема никаква најава за продажба на Шпанецот. Неофицијално, Шмајхел е дефиниран како можен наследник на Де Хеа, а понудата за неговите услуги нема да биде помала од 40 мил. фунти.