Шкринар главен во дефанзивата

83

Лондонскиот премиерлигаш Тотенхем ќе се обиде до крајот на летниот преоден рок да ги осигура услугите на словачкиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Италија, тимот на Интер, Милан Шкринар. Популарните „петли“ се во потрага по нов фудбалер кој ќе го има главниот збор во дефанзивната линија, но желбата тоа да биде Шкринар ќе стане реалност само доколку официјалната понуда не биде помала од 60 мил. евра.