Шкотска избра премиер со азиско потекло, најмлад во историјата

66
EPA-EFE/ROBERT PERRY

 Парламентот на Шкотска го потврди Хумза Јусаф за нов премиер, еден ден откако тој беше избран за лидер на Шкотската национална партија (СНП).

Јусаф (37), кој официјално ќе положи заклетва на церемонијата утре, станува најмладиот премиер во историјата на Шкотска.

Јусаф досега беше министер за здравство на Шкотска. Тој освои повеќе гласови од двајцата шкотски пратеници во трката за лидер на СНП, откако долгогодишната премиерка Никола Старџен минатиот месец неочекувано поднесе оставка.

Новиот лидер на СНП се соочува со предизвикот да ја обедини партијата и да даде нова енергија во кампањата за независност на Шкотска од Велика Британија.

Јусаф (37) е син на имигранти од Јужна Азија.