Шкотите сакаат отцепување од Британија и приклучување кон ЕУ

46

Во Шкотска, приврзаниците на отцепување од Велика Британија веќе се мнозинство – тоа го покажуваат 16 последователни анкети спроведени од почетокот на јуни до почетокот на декември оваа година, јави Би-Би-Си.

Водството на поборниците за независност варира помеѓу 1 и 16 процентни поени, додека меѓу 6 и 14 проценти од испитаниците сè уште немаат став за тоа прашање. Во исто време, се зголеми рејтингот на владејачката Шкотска национална партија, за која независноста на Шкотска е програмска цел. Сега имаат поддршка од 55 отсто од населението.

Шкотската национална партија, предводена од премиерката Никола Старџен, постојано ја поддржува потребата од нов референдум за независност. Сепак, до неодамна, анкетите не даваа трајни причини за поборниците за независност да се надеваат на успех.

На референдумот за независност во септември 2014 година, 55,3 отсто гласаа против отцепувањето на Шкотска, а 44,7 отсто гласаа „за“. Сепак, со пандемијата ковид-19, ситуацијата се менува.

Според британските набљудувачи, клучна улога во ова игра начинот на кој Шкотите ги перцепираат медиумските слики на лидерите Никола Старџен и Борис Џонсон во нивната борба против коронавирусот – Старџен е значително порешителна и поефикасна од премиерот Џонсон.

Населението во Шкотска е десетпати помало отколку во Англија, но инциденцата на инфекција е околу 15 пати помалку, а жртвите на ковид-19 се околу 13,5 пати помалку. Меѓу младите Шкотланѓани на возраст од 16 до 24 години, 80 отсто ја поддржуваат идејата за отцепување од Велика Британија.

Во исто време, интензивира факторот „Брегзит“ – на новогодишната ноќ ќе заврши процесот за излез на Велика Британија од ЕУ. Многу Шкотланѓани не се задоволни што Лондон ги принудува да ја напуштат заедницата против нивна волја.